Рај на земјата во вила од соништата: Меси ужива на одморот, Антонела доминира со бујното деколте

Точка

18/07/2019

18:22

5.673

Големина на фонт

а а а

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси пронашол вистинско место за одмор, откако со својата репрезентација неславно го заврши настапот на Копа Америка.

Асот на “Барселона” со својата сопруга Антонела и трите деца моментално ужива на островот Мејден кој се наоѓа во Антигва и Барбуда. Иако Меси практично криел каде заминал на одмор, го “издале” неговите Инстаграм објави со семејството. 

Секако, станува збор за “рај на земјата” односно за вила во “Jumby Bay Island Resort”.

Не е познато колку долго Меси ќе летува на ова место, но поединечни шпански медиуми пишуваат дека тој на 4-ти август ќе го предводи тимот со капитенската лента во пријателски меч против Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг