Култниот стадион непрепознатлив: Шпанскиот клуб заработи 100 милиони евра од продажбата на земјиштето

Точка

19/07/2019

10:04

2.092

Големина на фонт

а а а

Култниот стадион на Атлетико Мадрид на кој во изминатите неколку децении беа одиграни голем број на натпревари ќе биде целосно срамнет со земја.

Како што е познато, Атлетико Мадрид веќе го замени „Висенте Калдерон“ со „Ванда Метрополитано“, а пред неколку месеци започна и рушењето на култниот стадион.

Шпанскиот клуб денес со продажба на две парцели каде што се наоѓа стадионот заработи 100 милиони евра. Вкупната површина на теренот која е на продажба изнесува 63,076 квадрати, а најголемата парцела е со површина од 28,481 квадратни метри и допрва треба да се продаде по цена од околу 80 милиони евра.


Планот на Атлетико Мадрид беше од продажбата на земјиштето каде што се наоѓа стадионот „Висенте Калдерон“ да заработи од 170 до 180 милиони евра и се чини дека „Јорганџиите“ ќе го остварат тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг