Кралицата бара готвач: Сака јадења подготвени по највисоки стандарди, а еве колкава плата нуди! Поранешниот шеф на кујната открил без која храна Елизабета не излегува од дома

Точка

19/07/2019

16:07

5.732

Големина на фонт

а а а

Британското кралско семејство бара нов готвач, кој би се приклучил на нивното домаќинство, стои во оглас на сајтот на Бакингемската палата.

Работното место би му било во палатата, а од него се бара да прави храна по највисоки стандарди. Иако не е јасно наведено за кои членови на кралското семејство би работел готвачот, се верува дека неговите задолженија би се однесувале на целото семејство, бидејќи во описот на работата стои дека би патувал и во други кралски резиденции. 

Платата изнесува нешто помалку од 24.500 евра годишно, а од кандидатите се очекува да подготват разни менија за широк спектар на настани, да работат со квалитетни состојки и да се приклучат на остварен тим од професионалци.

Во огласот во Бакингемската палата стои: "Како што би очекувале, стандардите тука се високи, така што ќе мора да бидете амбициозен и квалификуван готвач".

Можеби имате некое претходно искуство, но вашата способност и ентузијазмот се пресудни да ни ги пружите услугите во сите сегменти на кујната. Најдобро работете во тим, а со своите вештини за комуникација и прилагодливост ќе уживате во работата со своите колеги.

Важно е да им посветите внимание на деталите, да ги испочитувате роковите и да обезбедите храната да се доставува на време. Палатата истакнува дека најважно е да се покаже ентузијазам и способност да се претставите во сите сегменти на кујната.

Краен рок за пријава е 28-ми јули и тоа пет минути пред полноќ.

Бакингемската палата е место каде се одржуваат важни државни банкети, меѓу кои била и вечерата со американскиот претседател.

Поранешниот шеф на кујната на кралското семејство Дарен МекГрејди, кој 15 години работел за кралското семејство, претходно открил дека кралицата сака да патува со внимателно спакувана ужинка.

Во интервју за "Harpers Bazaar", тој открил дека кралицата секогаш при рака ја држи својата омилена чоколадна торта. Оваа торта редовно се подготвува во Бакингемската палата, а кралицата секој ден јаде по едно парче.

Меѓутоа, кралицата одбива да открие кое е нејзиното омилено јадење, за да избегне постојано да го јаде.




Спонзорирани линкови

Маркетинг