Ибрахимовиќ за фудбалот во Америка: “Тука сум Ферари во однос на Фиат”

Супермен

19/07/2019

11:41

2.433

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ дал интересно интервју за “ESPN” во кое зборувал за квалитетите на МЛС лигата.

Еден од најдобрите напаѓачи на модерното доба повеќе од една година игра за ЛА Галакси, а оваа сезона тој на 16 натпревари постигнал 13 голови и остварил три асистенции, што му помогна на неговиот тим да го освои третото место на Западот. 

Златан изјавил дека МЛС лигата ни одблизу не е квалитетна како најдобрите европски лиги во кои тој играл.

“Искрено, МЛС не е на европско ниво. Претходно играв со играчи кои се на мое ниво или близу до моето. Тоа е страшно важно поради поврзување во играта. Тука сум Ферари во однос на Фиат, а може да се случи Ферарито да стане Фиат или Фиатот да стане Ферари”, изјавил фудбалерот и додал:

“Истиот проблем го имав во националниот тим, но можеби не во толкави размери. Реков дека не го прифаќам тоа. Не прифаќам ситуација кога топката не доаѓа до мене или кога доаѓа предоцна. Сакав тие да дојдат на мое ниво. Сето ова по малку ме забави. Играта тука во Америка може да биде многу побрза, многу подобра во тактичка смисла и со многу повеќе ритам”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk