Ајрленд Болдвин се соблекла за фотографија на Инстаграм, но изгледа дека нејзиниот татко Алек Болдвин не бил премногу импресиониран со тоа што го видел.
Ајрленд е 23-годишна манекенка, ќерка на Алек Болдвин и Ким Бесинџер на која голотијата не ѝ е непозната. Овојпат споделила фотографија во танга на балкон и ги воодушевила своите 500 илјади фанови.
Во објавата го пофалила хотелот, но и истакнала дека задникот не ѝ е толку бел туку дека така изгледа од сонцето. И додека нејзините следбеници ја преплавиле со комплименти, сепак не биле сите подеднакво воодушевени.
„Извини. Што?“ - коментирал нејзиниот татко. Во меѓувреме и нејзиниот вујко, исто така актер, Били Болдвин ѝ дал до знаење дека не му се допаѓа нејзината објава. „Тешко дека вујко ти Били ќе ја лајкне оваа фотографија“ - го напишал тоа и додал хаштаг #awkward.