Ибрахимовиќ за американската МЛС лига: Овде сум како Ферари против Фиат

Точка

19/07/2019

15:03

1.957

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите напаѓачи на светот, Златан Ибрахимовиќ, во интервју за „ЕСПН“ проговори за квалитетот на американската МЛС лига.

Откако го напушти Манчестер Јунајтед после тешката повреда, Ибрахимовиќ повеќе од една година настапува во САД во екипата на Лос Анџелес Галакси. Оваа сезона 37-годишниот Ибрахимовиќ на 16 натпревари постигна 13 погодоци и три асистенции, а Галакси се наоѓа на 3-то место на Западот.

„МЛС не е на европско ниво, да бидам искрен. Претходно играв со играчи кои беа или на моето ниво, или блиску до него. Тоа помага играта полесно да се поврзува. Овде, јас сум како Ферари против Фиат. А, може да се случи Ферари да стане Фиат, или Фиат да стане Ферари“, изјави Ибрахимовиќ и додаде:

„Истиот проблем го имав во националниот тим, но можеби не во такви размери. Реков дека не го прифаќам тоа. Не прифаќам ситуација кога топката не доаѓа кај мене или кога доаѓа предоцна. Сакав тие да дојдат на моето ниво. Играта овде во Америка може да биде многу побрза, многу тактички подобра и со многу повеќе ритам“, изјави Ибрахимовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг