Експлозија на вкусови: Освежителни јогурт плочки со црвено овошје

Точка

20/07/2019

15:00

2.245

Големина на фонт

а а а

Ова слатко задоволство е вистинска енергетска бомба. Освежува и дава неверојатна количина енергија.

Во оваа комбинација може да се стави било кое овошје, банана, кива или манго. Ние се одлучивме за комбинација со црвено овошје.


Ова летно слатко задоволство брзо се подготвува, а вкусот е неодоллив.

Состојки:

- 700 милилитри јогурт ;
- три лажички мед; 
- 120 грама гранола; 
- 200 грама малини.  

Подготовка:

Садот обложете го со хартија за печење. Измешајте ги јогуртот и медот па ставете го на хартијата за печење.

Над смесата ставете ги малините и гранолите, а потоа сето тоа ставете го во замрзнувач, најмалку шест часа.

Кога ќе го извадите од замрзнувач, искршете ја замрзнатата смеса на помали парчиња и уживајте во прекрасното летно слатко освежување. Наздравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг