Во рекламната кампања позирала сама – а фановите таа одлука ја дочекале со воодушевување, бидејќи Емили навистина има совршено тело за промовирање на костими за капење.
Фотографиите имаат дух од 70-те години, а дизајнот нè враќа во времето кога низ морските плажи шетаа нашите мајки...
Емили го ископирала стилот на девојките од тоа време, вклучувајќи ја фризурата и шминката.
Новата колекција е богата со бои, разни дизајни, креации, а има и такви со принт од животни.