Сопругата на славниот актер Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, објавила фотографија на својот Инстаграм профил на која позира во зелено бикини и предизвикала лавина од коментари.
Џејда има 47 години, а на најновата фотографија покажала дека изгледа двојно помладо. Таа позирала на јахта во бикини чиј горен дел бил во облик на листови од растение, што ја воодушевило и актерката Кејт Хадсон која напишала дека го обожува бикинито кое го носи.
Сопругата на Вил ги покажала извајаните стомачни мускули и бронзениот тен на кој многу жени ѝ завидуваат, а не изостанала и позата на која ретко кој може да одолее и заводливата насмевка.
Инаку, Џејда и Вил зад себе имаат долгогодишен брак. Познато е дека двајцата поддржуваат слободни сексуални врски – во бракот се емотивно верни еден кон друг, но се впуштаат во сексуални односи со други луѓе бидејќи наводно не се од оние кои веруваат во моногамија.
Џејда и Вил се запознале додека Вил сè уште бил во брак со првата сопруга, актерката Шер Зампино. По разводот во 1995 година, парот започнал љубовна врска. Двајцата ја имаат 18-годишната ќерка Вилоу и 21-годишниот син Џејден, а Вил го има и 26-годишниот син Треј од првиот брак со поранешната сопруга Шер.