Незадоволниот Конте на вонреден состанок со раководството на Интер

Дерби

20/07/2019

15:02

3.393

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте во понеделник ќе има состанок со претставници на раководството на клубот, а повод е недоволната активност на Интер во преодниот рок.

На последната прес-конференција, Конте призна дека не е задоволен од тоа како се одвиваат работите, а сега побарал средба со претседателот Стивен Жанг, како и Бепе Марота и Пјеро Аусилио за да направи притисок за реализирање на зацртаните цели. Состанокот ќе се одржи во Нанџинг во понеделник, по што претставниците на Интер ќе имаат и заедничка вечера со сопственикот на клубот, Јиндонг Жанг.

– Нема потреба да демантирам дека имаме тешкотии. Се уште има проблеми во однос на играчите кои треба да дојдат и оние кои треба да заминат, но посебно за овие вторите.

– Ако сакате да бидам искрен, одамна го пробивме рокот во одредени сегменти, мора да продолжиме напред. Имавме конкретен план кој треба да дојде, а кој да си замине, но како што гледате, ништо не се случува. Мораме да го забрзаме процесот, – изјави Конте правејќи сериозен притисок врз одговорните за трансферите во клубот.

Главен проблем за тренерот е што Икарди и Наинголан не се продадени, односно се уште нема конкретен договор за ангажирање на Лукаку и Џеко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг