Јапонски бренд продава “push up” градник за мажи кои сакаат мускулести гради

Супермен

22/07/2019

11:27

2.453

Големина на фонт

а а а

Во денешниот свет не е невозможно да се постигне совршениот изглед со вежбање, исхрана или разни суплементи.

Но, јапонскиот бренд “Cholmo” претставил нов производ кој би можел да стане хит меѓу мажите, а станува збор за перничиња за гради кои на секој маж можат да му дадат “мускули” како на суперхерој од филмовите на Марвел. 


Перничињата за гради се продаваат на “Amazon”, а истите се носат под облеката и даваат илузија на мускулести гради. Производот е достапен во две бои – црна и беж, со што претставниците на посилниот пол не мора да се плашат дека ќе се видат преку облеката.

Зависно од бојата, цената на перничињата се движи од 5580 до 4980 јени, а како што се наведува во описот на производот, се изработени од најлон и сунѓери. Бидејќи лесно се ставаат и вадат, производот може во секое време да се стават во торбата.


Од “Cholmo” велат дека носењето на овие перничиња делуваат мотивирачки кај мажите бидејќи тие добиваат вистинска слика како ќе изгледаат ако почнат да вежбаат, што би можело да инспирира многумина да се потрудат и да тренираат до посакуваните резултати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk