МекТоминеј му испрати порака на Солскјер: Имам само една амбиција

Дерби

22/07/2019

12:20

2.293

Големина на фонт

а а а

Скот МекТоминеј е играч кој успеа да се наметне во првиот тим на Манчестер Јунајтед во период кога има многу турбуленции на „Олд Трафорд“, а иако постојано се споменуваат нови имиња како потенцијални засилувања за тимот на Оле Гунар Солскјер, талентираниот играч за врска сега излезе со изјава со која само ги потврди своите амбиции.

Потенцијалот на 22-годишниот МекТоминеј првично го забележа Сер Алекс Фергусон кој му препорача на Жозе Мурињо почесто да го вклучува во првиот тим на Јунајтед, нешто што сепак се реализираше во вториот дел од минатата натпреварувачка сезона, кога Солскјер му овозможи на младиот Шкотланѓанец да игра на важни натпревари во Лигата на шампионите какви што беа оние со ПСЖ и Барселона.

– Подготвен сум да бидам регуларен стартер во Јунајтед. Тоа беше мојата цел пред две години, тоа е мојата цел сега. Мојата амбиција е да играм како регуларна „6-ка“, како „8-ка“, сакам да бидам играч кој е важен во двата правци. Минатата сезона имав неколку солидни настапи, тоа е добра база од која треба да продолжам. Без разлика какви засилувања ќе бидат доведени, секој мора да се мотивира себеси со тоа што е играч на Манчестер Јунајтед, нема поголема одговорност од тоа. Тоа е мојата мотивација и секогаш се обидувам да направам разлика на теренот, – порачува МекТоминеј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг