Османи: Детектирана е грешката, Фелипе ќе биде стартер против Дуделанж

Дерби

22/07/2019

13:56

1.391

Големина на фонт

а а а

Шкендија доживеа болна елиминација во квалификациите на Лигата на шампионите од Номе Калју, но сега продолжува со европските настапи во второто квалификациско коло во Лига Европа, натпреварување во кое тетовските „црвено-црни“ ќе ги одмерат силите со Дуделанж.

Македонскиот првак ќе мора да покажа далеку позрела игра доколку сака да се надева на поволен исход, а тоа го нагласи и тренерот Ќатип Османи кој порача дека е детектираната најголемата грешка во тимот.

– По елиминацијата во Лигата на шампионите, најважно беше да се врати позитивната атмосфера. Најголемата грешка ја направивме сами, имавме погрешен пристап. За новиот предизвик кој следи, ќе има промени во составот, но пред се во пристапот на играта. На мечот со Дуделанж сигурен стартер ќе биде новото засилување, Бразилецот Фелипе. Номе Калју ги искористи нашите грешки и со дефанзивен фудбал успеа да не победи, за разлика од нив, Дуделанж има поинаква филозофија, тие сакаат повеќе да играат фудбал, – порача Османи пред првиот од двата дуели со Дуделанж.



Спонзорирани линкови

Маркетинг