Туширањето по сексот мора да биде задолжително. По свршувањето мажите треба посебно внимание да посветат на своето интимно подрачје.
Хигиената по сексот е многу важен детаљ кој влијае на половото здравје, па затоа треба да знаете дека туширањето по сексот мора да биде задолжително доколку не сакате да добиете некоја болна инфекција. Тоа воедно се однесува и на жените.
Во текот на сексот се излачуваат течности, па така за половиот орган се лепат ќелиите на кожата, а на пенисот може да остане некој лубрикант.
„Пенисот по сексот е дом за две различни бактерии - оние од вагиналната слузница и оние кои постојат на кожата на пенисот. Вагиналната слузница содржи специфични кисели секрети кои ги спречуваат инфекциите кај жените, но некои од нив можат да ја иритираат чувствителната кожа на машкиот орган“ - предупредува д-р Џон Забел.
Во случај на анален секс оваа пракса е уште поважна!
„Додавање сапун или гел за туширање ќе помогне да се ослободите од бактериите со тоа што на гениталното подрачје може да примените само “благи“ сапуни, без боја и мирис за да не ја иритирате кожата. Корисно е и да мокрите по сексуалниот однос затоа што тоа помага во чистењето на каналот за мокрење“ - истакнува д-р Џон.