Зидан објасни зошто ситуацијата со Бејл стигна до овој степен: Сакам да бидам јасен и добро да ме сфатите!

Дерби

23/07/2019

10:53

1.394

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан имаше прилично бурна изјава по крајот на пријателскиот меч меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, со која јасно стави до знаење дека едвај чека да се разреши ситуацијата со Герет Бејл кој воедно беше оставен на трибините на споменатиот натпрвар кој се одигра во Америка.

Францускиот стручњак при своето обраќање нагласи дека најдобро за сите ќе биде ако Велшанецот си пронајде нов клуб во најскоро време, но сега категорично негираше дека покажа доза на непочитување кон фудбалерот, на кого му дозволува и натаму да тренира со првиот тим и покрај тоа што призна дека во клубот напорно се работи за негов трансфер.

– Понекогаш мојот шпански знае да биде збунувачки. Ќе се обидам да бидам јасен. Сакам да бидам јасен и добро да ме сфатите. Не покажав непочитување кон никого, никогаш нема да го направам тоа кон еден играч. Јас бев играч и знам што значи тоа. Секогаш сум блиску до играчите, но вистина е дека клубот работи на негово заминување. Што се однесува до ситуацијата на последниот меч, тој побара да не биде дел од тимот бидејќи не сакаше. Ќе тренира нормално, секој ден е нов и ќе видиме што ќе донесе. Сите знаат каква е ситуацијата и на што работи клубот. Немам проблем да работам со Бејл и натаму го сметам како еден повеќе во тимот, – објасни Зизу на најновата прес-конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг