Кили Гонзалез: Требаше да потпишам договор со Реал Мадрид, а потоа се вмеша Марадона

Дерби

23/07/2019

11:02

1.936

Големина на фонт

а а а

Кили Гонзалез важеше за едно од најопасните класични крила на крајот од 90-тите и почетокот на новиот милениум, а пред се брилјираше во дресот на Валенсија каде успеа да ја освои историската титула во Ла Лига во 2002-ра година.

Аргентинското крило беше симбол на „Местаља“ за време на четирите години кои ги мина во овој клуб, каде наспроти освоената титула во домашното првенство, одигра и две финалиња во Лигата на шампионите против Реал Мадрид и Баерн Минхен. Речиси 20 години по неговите најдобри играчки денови, легендарниот Кили сега одлучи да открие една интересна анегдота поврзана пред неговото пристигнување во Шпанија, или поточно, долови како Диего Армандо Марадона спречил негов договорен трансфер во Реал Мадрид.

– Паметам дека со Росарио Сентрал игравме против Бока на „Ла Бомбонера“. Тој ден Марадона изјави дека децата од Сентрал и одржале фудбалски танц на Бока. Тој меч го гледаше и Хорхе Валдано кој во тој момент го водеше Реал. Извесно време подоцна, се сретнав со Редондо во репрезнетацијата и тој ми откри дека веќе имам резервирано место во Реал Мадрид со моето име. Ми испрати преддоговор за да потпишам со Реал, но во целата работа се вмеша Марадона кој ме одведе во Бока. Ми се јави Марадона, дојде во мојата куќа, тоа беше лудо. Имав 20 години и ме запраша „Не сакаш да играш со мене во Бока?“ Тука го одбив Реал Мадрид и отидов во Бока. Диего ме чуваше и ме сакаше. Беше уникатно искуство да се игра во Бока со него, – открива Гонзалез за „Тик Спортс“.

Инаку, Кили одигра само една сезона во Бока пред да направи трансфер во Сарагоса од каде потоа замина во Валенсија, а подоцна беше и дел од Интер пред да се врати во матичниот Росарио Сентрал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг