Поранешниот малезиски крал и руската мисица се разведоа минатиот месец на исламската церемонија направена без нејзинот знаење, откако дознал за нејзиниот жесток секс во базенот. По раскинувањето на бракот адвокатот на султанот истражува дали синот кој го добиле пред два месеци навистина е негов.
Кох Тиен Хуа кој го застапува султанот Мухамед V од Келантан изјавил дека сè уште нема објективни докази за биолошкиот татко на детето.
Меѓутоа, поранешната мисица Оксана Воеводина (27), повторно се огласила на социјалните мрежи на кои објавила фотографија со својот син, велејќи дека е горда што во неговите вени тече малезиска крв“.
„Го пишувам овој пост и не можам да си ги задржам солзите. Мислам дека тоа не е ни потребно затоа што тоа се солзи на радоста и благодарноста“ - напишала таа.
Откако им се заблагодарила на своите следбеници за љубезните зборови за поддршка рекла дека ќе направи сè за нејзиниот син да порасне во добар човек.
„Во животов морам да се соочам со многу злоба, клевети и завист. Но, вие ме убедивте дека уште многу љубезност има на овој свет“ - напишала поранешната мисица.
Воеводина потоа ветила дека ќе ги известува своите следбеници за растењето на синот Леон.
„Леон денес полни два месеци. Продолжи да растеш и биди среќен мој мал свету“ - заклучила руската убавица.
Поранешната убавица наводно се наоѓа во апартман во близина на Москва кој ѝ го обезбедил поранешниот сопруг.
Султанскиот адвокат тврди дека парот се развел по традиционалната исламска церемонија во месец јуни, кога Мухамед трипати ја одбил својата сопруга во присуство на сведок, а тоа е сè што е потребно за развод според шеријатскиот закон.
„Во Русија сум со синот. Не бевме во јуни во Сингапур поради потпишување на развод. Тоа е само провокација, не се разведовме“ - изјавила Воеводина за медиумите.