Барањата на популарните ѕвезди некогаш навистина може да бидат бизарни, а некои холивудски актери ги преминале границите.
За овие популарни личности велат дека се најбизарни:
1. Анџелина Џоли
Жена милионер и поранешна сопруга на милионерот Бред Пит, во некоја ситуација барала студиото во кое го снимала филмот да му плати часови по летање на нејзиниот тогашен сопруг Бред Пит. Трикот бил во тоа што Бред немал никаква врска со филмот. Пит ги добил своите часови по летање кои можел и самиот да си ги плати и “око да не му трепне“. На крајот себеси си се почестил со авионот “спидфајер“.
2. Џорџ Клуни
Популарниот актер барал да му изградат викендичка на една егзотична плажа и во неа да постави џакузи и како бонус, приватен терен за кошарка. И тоа поради улогата во филмот “Гравитација“ во кој се појавува вкупно 20 минути.
3. Вил Смит
Тој барал да му обезбедат автобус на кат за да го блокира сонцето. Тоа бил еден од условите за снимањето на филмот “Луѓе во црно 3“. Објаснување? Едноставно сакал да го блокира сонцето, неговиот најголем непријател.
4. Парис Хилтон
Богаташката имала многу мала епизодна улога во еден филм. Снимала само еден ден, а за таа “мака“ барала жив јастог, кој приготвени би го јадела за време на снимањето доколку ѝ се пријаде. За таа потреба ангажирале и готвач кој чекал “кучката“ (така ја викале колегите од снимањето на филмот) да огладне.
5. Брус Вилис
Холивудскиот заводник барал 1.000.000 долари на ден за снимањето на продолжение на некој филм. Требало да снима 4 дена... Студиото не се согласило на неговите барања.
6. Марлон Брандо
Барал цело време додека го снимал филмот на главата да носи кофа со мраз, а тоа му било исполнето. Освен тоа, Брандо се спријателил со човекот со низок раст во текот на снимањето и одбил да работи додека и него не му биде доделена некоја солидна улога за да се појавува во секоја сцена со Марлон.
7. Џек Николсон
Тој имал барање задолжително во една од сцените да биде внесен кокаин и дилдо. Николсон барал кокаинот да го шмрка од задникот на актерката.
8. Том Круз
Ова можеби е најлудото. Том Круз во своите филмови бара да носи рачно изработена танга. И тоа само за снимањето на акционите сцени. Значи, секојпат кога ќе го видите Том Круз како скокнува од авион, имајте на ум дека постојано носи танга.