Таа е мајка, сопруга и мошне активна пејачка кога се во прашање настапите во живо. Поголемиот дел од неделата го поминува работно, но во летниот период успева барем на кратко да отпатува до нашиот јужен сосед како најблиска дестинација за одмор. Оваа година покрај одморот на повидок била и соработка со некој од грчките локали.
- Поради настапите, кои ги имам се' повеќе, неможам да уживам во одмор од повеќе од 5 дена во континуитет. Па затоа и годинава решив да одам на одмор на "рати". Бев во Грција (Флогита) и малку во Дојран. И до крај на август ќе одиме пак уште неколку дена на море. Сакам да избегам од гужвата и секогаш одбирам да бидам сместена на места кои се потивки затоа што навистина сакам да одмарам. Најчесто приватни вили, апартмани.
- Настапите летниот период некогаш ми почнуваат од среда, четврток, па се до недела и гледам да искористам денови помеѓу, па така ги планирам и патувањата.
- И сончање и пливање.
- Ги има многу. Секако плажа каде нема многу гужва или диви плажи.
- Интересни случки има секогаш. Кога сум со луѓето што ги сакам, семејството или блиски пријатели, интересно е секогаш. Непријатни случки ретко ми се случувале. Во принцип сакам да се опуштам, се смееме многу и сакам да уживам, ништо друго не ми е важно.
- Најчесто употребуван збор ми е Калимера и јасас...толку знам. :)).
- Случајно годинава добив покана да настапувам во еден од нивните локали на плажа, но не се договоривме. Некако не можев да се организирам. Имаме премногу работа тука низ Македонија и тоа се е однапред закажано. Оставивме за следен пат.
- Грчка песна не знам ниту една да пеам, а имам омилени артисти од нивната поп сцена.
(А.В.)