Милорад Цаиќ - Цајо: Летна авантура низ Азурниот брег

Точка

09/08/2019

11:24

5.837

Големина на фонт

а а а

Една од урбаните скопски фаци, своевремено еден од организаторите на ноќниот живот во градот ве носи на прошетка низ Азурниот брег. Ни овојпат не можел да одолее да се забавува во дискотека, на што ќерка му негодувала, но тоа е Цајо.

И не само прошетка за чекинг, туку вистинси ќе го почувствувате духот на најголемите атракции на Италија, Шпанија и Франција, затоа што навистина има што да дознаете.                                                                                

Ги надмина ли очекувањата Азурниот брег? 

- Секогаш кога планирам одмор никогаш не е тоа што го сакам и замислувам.Оваа година немислев, но секогаш кога непланирам мојот одмор добива позитивни вибрации.

Голема благодарност на туристичката агенција “НЕХАР”од Скопје што ми го овозможпја на мене и моето семејство оовој прекрасен несекојдневен аватуристички одмор.Секогаш одморот ми претставуваше доживување уште кога бев млад една голема авантура која ја чекав цела година. Моите одмори во младоста беа непланирани и секогаш носеа нови возбудувања.

Незборавни се моите патувања автостоп низ Европа, сега жалосно. но младите не се изложуваат на такви потфати кои се полни со невообичаени ситуации, возбудувања кои нема зборови како да се опишат кое тоа чувство кога во вечерните часови ве оставаат на некоја аутострада низ Европа, во некоја нива каде мораш да преспиеш во својот шатор. За жал тој авантуризам веќе го нема кај младите, па затоа оваа година се решив на организирана туристичка авантура.

Се започна од „северниот бисер“ на Италија градот на светската мода, културно-историски споменици и многу шопинг центри? 

- Несекојдневното патување оваа година го започнав во градот на светската мода, а тоа е мојата омилена дестинација Милано, кој освен модната индустрија изобилува со многу културно- историски споменици и многу шопинг центри.

“Северниот бисер” на Италија како го нарекуваат Милано, со својата бурна историја и стари градби, а денеска центар на светската мода се е подредено на модата. Од архитектурата во која уживавме, па се до спомениците и начинот на живот, традиционалната италијанска кујна поточно сите специјалитети од регионот Ломбардија каде Милано е центар на се.  

Тука уживавме во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот на плоштадот Дуомо, исто така тука беше и посетата на најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици како Прада, Луи Витон, Фенди, Мисони, Армани, Долче Кабана и многу други светски имиња од светот на модата. Нашата посета беше збогатена со прошетка низ прочуениот Замок “Sforca”во срцето на Милано кој е олицетворение на градотот со векови.  

Милано важи за мошне „солен“ град?  

- Милано како град воопшто не е евтин, туку треба да си со „подлабок џеб“ ако мислиш да живееш во него. 

За еден просечен ручек ви требаат 30 до 40 евра.Горивото е 2 евра литар, пица од 9 до 15 евра, сендвич од 5 до 10 евра зависно што има во во сендвичот. А за гадеробота да не зборуваме, нај ефтини се познатите фирми; Страдивариус, Бершка, Манго, Зара, Пул енд беар.

Просечната плата во Милано е 2000 евра и се прашував како опстануваат во текот на месецот.

Патот ве водеше кон повеќе сончање, плажа, ноќен живот? 

- Патувањето го продолживме кон Лорет Де Мар како дестинација за убаво сончање и прекрасен ноќен живот.

Кога пристигнавме не очекуваше изненадување, добивме Вип клуб картичка за 7 вечери за дискотеки во Лорет де Мар, секоја вечер со различна програма. Ноќниот живот трае до раните утрински часови, па затоа тука е целиот млад свет од Европа на возраст од 18 до 30 години. Градот изобилува од дискотеки, ноќни клубови, барови и кафулиња. А јас си имав проблеми со мојата ќерка која ми префрлуваше како јас како татко одам по дискотеки, кафулиња и барови.

Тука ве дочекаа малку пониски цени, прилагодени за наш џеб? 

- Цените се пристојни и поефтини од соседна Грција. Пијалоците се движат зависно од локал, а просечно се од 4 до 10 евра коктели, пиво од 3 до 5 евра, кока кола од 2,5 до 3 евра, на плажа лежалка 7 евра плус чадор 7 евра, тоа значи дека дневно ќе ве чини 14 евра, а пијалоците и кафињата на плажа се движат кафе од 2 евра, пиво 2,5 евра, коктел од 4 до 8 евра. Цената на храната во маркетите е исто како кај нас во Скопје. Невечер во ресторантите цените се движат за една просечна вечера за тројца луѓе од 20 до 30 евра. Инаку да напоменам морате своите паричници и ташни да ги дижите до себе, бидејќи во Шпанија има многу луѓе што крадат од нашите соседни земји Србија, Бугарија и Романија. 

Плажите во Лорет Де Мар се прекрасни песочни плажи, а најпозната е Санта Кристина, вреди да се посети.

Ако се однесува до сметувањето тоа беше врвно во секој поглед, од храна па се до услуга.

Кои туристички атракции ги видовте? 

- Го посетивме Tossa de Mar, град со типичен Шпански шмек, автентичен на Шпанската архитектура со прекрасната средновековна тврдина. Посета на ботаничката градина Pinya de Rosa со преку 100 видови на кактуси...  

Излетот завршува со дегустација на вино и сангрија во винарска визба во Лорет Де Мар. И се е убаво кога има убав крај, но нас се уште ни се остануваше во Лорет де Мар, а моравме да го напуштиме хотелот. Забавата продолужиме...

Што ти остана во сеќавање од Барселона? 

- Барселона нуди вистинска можност за шопинг особено во период од (01.07 – 31.09) кога се големите попусти и распродажби кои одат до неверојатни намалувања на цените до 70 – 80 %. Првиот настап на магичната фонтана бил на 29 Мај 1929 за време на втората светска изложба. Магичната фонтана е спектакуларен приказ на бои, светлина, движење, музика и акробатика со вода – ако ги измешате сите овие елементи заедно во една целост ќе добиете чиста магија! Магичната фонтана Фреди Меркјури од групата Квин кое е нешто што мора да се види и доживее.   

Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело црквата Sagrada Familia. Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида. А за крај прошетка по најшарената улица на светот. Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај.

Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можнот да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибините, сликајте се сликаа со најпознатите фудбалски ѕвезди, купивме сувенир и испишавме своето име на дрес...

Во Барселона се наоѓаат најголемите аквариуми каде живеат 11.000 животни од 450 различни видови кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чувството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.   

Port Aventura е парк во Барселона , каде што ќе доживеаме сите неверојатни авантури и искуства во рамките на неверојатните пет тематски зони како: Империјал Кина, Дивиот Запад, егзотичната Полинезија, Мексико, и топлата Mediterrània. Кои нудат многу атракции и забава.

Во паркот, што не само што ќе уживате во возбудливите возења на лудите железници. Кога си Барселона вреди да се посети.

И не можам да ја заборавам Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и специјалната изведба на светскиот рекордер во нај брз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини) ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара... и на крајот сме сигурни дека некој од нас ќе го поведе ритамот и ќе заигра. 

Целиот фил од тортата е посетата во средновековниот замок во Тордера Ви приредуваат навистина интересна програма во средновековен стил, каде што можете да видите на кој начин се бореле витезите. Со самото влегување во замокот ќе бидете пречекани од “Грофот и Грофицата од Валтордера” кои на влезот ќе ви посакаат добредојде, а нивните слуги ќе ве испратат до главните сали. По вечерата се оди кон салата за танцување каде можете да се забавувате танцувајќи на разни ритми (танго, валцер, ча-ча-ча....и.т.н.) Некаде околу полноќ следува програма на шпански национални игри и танци.

И како да не си бил ако не си го посетил музејот на Дали... 

- Посета на родниот град на Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар - музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој содржи најширока палета на дела кои ги опфаќа уметничката кариера на Салвадор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј. Empuriabrava (или по позната како Шпанска Венеција) е едно од најголемите пристаништа во земјата. Лоцирана е на брегот на Гирона (Каталонија, Шпанија) Empuriabrava првично била изградена на мочуриште, а потоа била претворена во туристичка атракција. Идејата е уште од 1964 година, а се реализирала 1975 година. Во градот има повеќе од 30 километри канали каде денес свои луксузни летни вили имаат врвни спортисти, пеачи, луѓе од уметноста... Сезонски преку лето Empuriabrava брои население од околу 80.000 жители. Вистинско доживување е можноста да изнајмите глисер, кој ќе го управувате сами по каналите, а тоа е супер – забавно искуство за целото друштво.

Сега веќе сте во најубавиот француски град, со престижни хотели, бели песочни плажи и лековит воздух? 

- Посетата на Кан беше посетата на брдото Сиќе со панорамски поглед на градот, стариот град , монденската улица La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата... Разглед на прекрасното градче со вистински француско – провансалски шмек. Сите бевмевме воодушевени од прекрасниот бел песок на плажите во Кан каде останавме цел ден.Самиот град Кан изобилува со своја историја, а станува најатрактивен град во 19-ти век кога многу посетители ја одкриле лековитоста на воздухот т.е. морето во Кан.

Како „стои“ со цени Кан? 

- Ако саката доручек во Кан со кроасан и кафе ќе ве чини зависно од кафитерија или ресторант од 10 до 15 евра, а да не споменувам ручек или вечера ви требаат 150 евра за 4 луѓе, зависно во кој ресторант се наоѓате.

Патувањето го продолживте во градот на сјајот и бедата?

- Нашата аватура продолжи во вториот град по големината на Азурниот Брег, а тоа е Ница.

Град со 600 000 илјади жители град на сите бивши колониии на Франција, град со сјај и беда од криминалот и дрогата во Франција. Ница сепак е град со најубавата чиста вода од морето на Азурниот брег каде дневно ја посетуваат 100 000 илјади туристи.

Утрината ни помина со доручек и пријатни разговори, бидејки предхоната вечер беше големата прослава од Француската револиција или кога падна замокот Бастиља. Предходната вечер цела Ница славеше во знак на својата историја.

Не може да ја посетиш Франција, а притоа да не понесеш француски парфем?

- Продолживме со нашето патешествие по Азурниот брег, денот ни беше исполнет со посета на една од најпознатитие семејства кои произвадуваат парфеми, а тоа е семејството ФРАГОНАРД во близина на Ница. Се запознавме со производството на парфеми како преку дестилација од 3 тони цветен лист се прави 1 литар масло кое се употребува со неколку капики во тоалетните води и парфеми.

Секој од нас си купи по еден изворен парфем кој ќе трае многу долго.

Стигнавте во градот каде секое дете стекнува богатство од 1 милион евра за успешен пат во животот? 

- Шлагот на се е посетата на големото кнежество МОНАКО кое има големина од 20-тина квадратни километри. Убавината на Монако е со сета читота и ред во обичниот живот.

Несомнено е најинтресен податок што секое родено дете стекнува богатство о од 1 –милион евра во својот живот за образовани наука и успешен пат како интелектуалец во Монако. Секојдневието е исполнето со сите нормални прилики на секој човек, но со позитивна енергија.

Шлагот не се е редот на гардата во Кнежеството која секој ден е атракција за сите туристи точно во 12 часот. Преубавта катедрала СВЕТИ НИКОЛА е се за сите жители на Монако, бидејки тука се случи свадбата на Принцот Рение со познатата глумица од Холивуд Г-ѓата Грејс Кели. 

И секако за љубителите на луксузот да не го заборавиме Монте Карло? 

- Ако си љубител на лусуз и раскош тука може да го најдеш во Монте Карло, град на се што луѓето би го посакале во сонот на својот живот. Изобиле на луксузни афтомобили, јахти, вили, хотели се на едно место.Тула е позната патека на формула 1 каде секоја година се собира светскиот крем, познат по своите забави и лудории за време на деновите на Формула 1. 

Ако зборуваме за ноќниот живот, Монако и Монте Карло се бисерот на Азурниот брег. Но, ви требаат малу повеќе средства да се чуствувате пристојно.

Не можам да го заборавам нашиот туристички водител Јасмин кој се потруди максимално да ги исполни нашите побарувања како туристи. 

Се надевам во наредна прилика ќе можам да ви ги доловам моите нови доживувања од сите мои авантури. 

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг