Урнебесна идеја: Како да се престроите во соседната лента во тек на сообраќаен метеж!?

Точка

14/08/2019

20:29

3.477

Големина на фонт

а а а

Овој возач од Лос Анџелес пронашол интересен и забавен начин да ги убеди другите учесници во сообраќајот да го пропуштат низ метежот.

Сведоци сме дека во сообраќајниот метеж владее голема нервоза, па не е секогаш лесно да се престроите во соседната лента поради нестрпливите и нетолерантни возачи. Често сме сведоци и на ситуации во кои малку фали да се случи некој инцидент или тепачка, а размената на пцовки меѓу возачите стана вообичаена работа во денешно време.

Решението е едноставно и бара минимална комуникација - гестикулација или креативен пристап како овој возач од Лос Анџелес. Тој низ прозорот на својот автомобил извадил табла со натпис “ве молам, пуштете ме“. Откако го пропуштиле останатите возачи, тој не изоставил да не им се заблагодари со помош на друга табла на кога пишувало “благодарам“.

Како што се гледа на снимката ваквото решение не само што е делотворно туку изгледа и забавно, делува смирувачки врз другите возачи и ја намалува нивната нервоза. Меѓутоа, се поставува прашањето дали ова би било изводливо во сообраќајот кај нас или пак можеби би имало спротивен ефект!?




Спонзорирани линкови

Маркетинг