Точка интервју: Телефоните во чанта, научете ги децата нешто корисно, интересно и уникатно!

Точка

15/08/2019

22:01

6.214

Големина на фонт

а а а

Наталија Милорадовска е доктор по општа медицина, но не плашете се, во продолжение, за среќа, нема да читате од што може да заболат вашите деца.

Наталија освен што е докторка, таа е исклучително креативна, интелигентна, личност полна со идеи. Изработува разни предмети за деца, но, ни помалку ни повеќе - и од отпад! 


А, Наталија нѝ открива и на кој начин може да ги научите вашите најмали и најмили да ги внесуваат сите потребни витамини уште додека се мали, колку и тие да се противат.

Како дојде до идеја да изработуваш предмети од различни материјали?

Наоѓањето на неколку потенцијални, иновативни решенија, за нешто кое сметаме дека веќе не може да се употреби - отсекогаш ми претставувало предизвик, поточно идеjата да се создаде нешто ново што ќе има некоја вредност, без разлика дали тоа е уметничко дело, производ, решение.. Тоа дивергентно размислување (со повеќе потенцијални решенија) го искористив токму во креативноста.


Дали професионално се занимаваш со оваа работа, или ти е само хоби?

Пред да се вработам како доктор по општа медицина, работев со тоа и на професионален план. Имав соработници од Унгарија и Индија со кои снимавме видеа за популарни сајтови и одлично соработувавме.


Точка дознава дека правиш и фигури од овошје и зеленчук. Сама ги смислуваш или црпиш инспирација од интернет?

Секако дека црпам инспирација од интернет. Постојано ги следам оние доста популарни страни како: 5 minutes craft, diy craft, nifty, и учам некои нови работи од нив.

Како реагираат најмалите на твоите изработки?

Децата се пресреќни. Одлично соработуваат и многу брзо учат. Бидејќи развојот на мозокот кај децата во голема мера зависи од влијанијата на кои тие се изложени од мали години, потребно е сите да се вклучат во такви активности каде што децата ќе земат активно учество.


Кој ти е најголемиот мотив за правење вакви слатки предмети и фигури?

Создвањето уметност е одамна моја пасија, а мотивот конкретно со креативноста за храната за деца, дојде од сознанието дека многу мајки водат битка со тоа како да ги натераат своите деца да се хранат правилно и да ги внесуваат оние намирници кои им се најпотребни за првилен раст и развој.


Кои изработки ти се потешки, оние од отпад или фигурите од овошје и зеленчук?

Па секако дека оние од отпад се доста потешки. Бараат многу повеќе време и поголема концентрација.

Што сè ти е потребно за едно вакво уникатно дело? Дали сите можеме да го правиме ова дома?

Потребно е само добра волја и желба за работа. Инспирацијата секако си доаѓа сама по себе. Материјалите се лесно достапни и тоа е нешто што сите ние го имаме дома. Треба само паметно и рационално да се искористи.


Кои се идните планови на Наталија?

Плановите во иднина ми се секако да се посветам на мојата специјализација, а моето хоби да го искористам и вметнам како дел од работата, со цел да ја подигнам свеста кај луѓето за еден правилен и здрав начин на живот. 

Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг