Наталија Милорадовска е доктор по општа медицина, но не плашете се, во продолжение, за среќа, нема да читате од што може да заболат вашите деца.
Наталија освен што е докторка, таа е исклучително креативна, интелигентна, личност полна со идеи. Изработува разни предмети за деца, но, ни помалку ни повеќе - и од отпад!
А, Наталија нѝ открива и на кој начин може да ги научите вашите најмали и најмили да ги внесуваат сите потребни витамини уште додека се мали, колку и тие да се противат.
Наоѓањето на неколку потенцијални, иновативни решенија, за нешто кое сметаме дека веќе не може да се употреби - отсекогаш ми претставувало предизвик, поточно идеjата да се создаде нешто ново што ќе има некоја вредност, без разлика дали тоа е уметничко дело, производ, решение.. Тоа дивергентно размислување (со повеќе потенцијални решенија) го искористив токму во креативноста.
Пред да се вработам како доктор по општа медицина, работев со тоа и на професионален план. Имав соработници од Унгарија и Индија со кои снимавме видеа за популарни сајтови и одлично соработувавме.
Секако дека црпам инспирација од интернет. Постојано ги следам оние доста популарни страни како: 5 minutes craft, diy craft, nifty, и учам некои нови работи од нив.
Децата се пресреќни. Одлично соработуваат и многу брзо учат. Бидејќи развојот на мозокот кај децата во голема мера зависи од влијанијата на кои тие се изложени од мали години, потребно е сите да се вклучат во такви активности каде што децата ќе земат активно учество.
Создвањето уметност е одамна моја пасија, а мотивот конкретно со креативноста за храната за деца, дојде од сознанието дека многу мајки водат битка со тоа како да ги натераат своите деца да се хранат правилно и да ги внесуваат оние намирници кои им се најпотребни за првилен раст и развој.
Па секако дека оние од отпад се доста потешки. Бараат многу повеќе време и поголема концентрација.
Потребно е само добра волја и желба за работа. Инспирацијата секако си доаѓа сама по себе. Материјалите се лесно достапни и тоа е нешто што сите ние го имаме дома. Треба само паметно и рационално да се искористи.
Плановите во иднина ми се секако да се посветам на мојата специјализација, а моето хоби да го искористам и вметнам како дел од работата, со цел да ја подигнам свеста кај луѓето за еден правилен и здрав начин на живот.
Автор: Цеце Николова