“Need for Speed” никогаш не бил “пожежок”

Супермен

16/08/2019

14:50

3.391

Големина на фонт

а а а

Во средата беше конечно претставена новата видео игра на серијалот “Need for Speed” која го носи насловот “Heat”, а со тоа се потврди дека гласините кои се појавија, се точни.

Кон крајот на мај, тимот во “EA” задолжен за познатата игра потврди дека оваа година конечно ќе добиеме ново продолжение, но освен тоа, не постоеја други детали. Меѓутоа, една австриска продавница по грешка предвреме објавила информации за играта, односно го објавила нејзиното име и изгледот на обвивката. 

##https://twitter.com/Nibellion/status/1156123402895278080##

По паузата во серијалот и неколкуте неуспешни продолженија, “NFS” се враќа во духот на Мајами и боите на 80-тите, барем така нѝ се чини од трејлерот во кој младата Шпанка зборува дека само најбрзите опстануваат, но и стануваат мета.

Моментално не постојат други детали, но е најавено дека гејмплејот ќе биде прикажан на овогодишниот “Gamescon”, така што нѝ остануваат уште 5-6 дена до тоа.

Во меѓувреме, погледнете го трејлерот:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk