Манчестер Јунајтед започнува преговори за нов договор со најмалерозниот играч во тимот на Солскјер

Дерби

19/08/2019

19:35

2.138

Големина на фонт

а а а

Откако заврши трансфер периодот од раководството на Манчестер Јунајтед сега се насочени кон продолжување на договорите на играчите кои се пред крај на соработката со клубот.

Јасно е дека примарна цел е да се продолжи договорот на Давид Де Хеа, но од Манчестер Јунајтед работат на продолжување на договорите и со дел од другите играчи.

Еден од нив е Ерик Бејли, фудбалер кој има огромен потенцијал но не може да го покаже поради честите повреди кои ги заработува. Се очекуваше репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска да игра значајна улога во тимот на Солскјер оваа сезона, но се повреди на подготвителниот натпревар со Тотенхем и ќе го нема на терените најмалку до Нова Година.

И покрај тоа од клубот се подготвени да му понудат нов договор затоа што неговиот актуелен договор истекува следното лето. Бејли според новиот договор би заработувал околу 120.000 фуни неделна плата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг