По Ибица на ред е Азурното крајбрежје: Ароганција и неверојатно лицемерие на Меган Маркл и принцот Хари!

Точка

19/08/2019

19:30

10.539

Големина на фонт

а а а

Погледнете го и луксузното летувалиште на кое поминаа една недела.

Меган Маркл и принцот Хари дефинитивно знаат да уживаат, но колку и да ги сакаат, Британците се шокирани од ароганцијата и лицемерието на трошењето пари од обврзниците на данок за сопствен луксуз.

На почетокот на месец август парот отпатува на Ибица, каде што поминале една недела во најскапото летувалиште во кое престојуваат најпознатите личности како Дејвид Гета и Пол Мекартни.

За една недела престој во вила на крајбрежјето издвоени биле 131 илјади евра. Во Шпанија пристигнале со приватен авион чие изнајмување чини околу 20.000 фунти.

По Ибица, парот отпатувал на Азурното крајбрежје, а папараците ги фотографирале во моментот кога слетувале во Ница.

На фотографиите се гледа војвотката Меган со синот Арчи во рацете, а јавноста коментира само едно нешто - повторно приватен авион, повторно 20.000 фунти за него иако од Лондон до Франција дневно има околу десетина комерцијални летови.


Освен луксузното летување јавноста на кралскиот пар најмногу им замерува поради лицемерието.

Наиме, и едниот и другиот се претставуваат како љубители на природата и ја истакнуваат состојбата на животната околина, а “секој момент“ летаат со авион кој двапати повеќе ја загадува околината.





Спонзорирани линкови

Маркетинг