Имал најниски оценки на Академијата за модерна музика, а денес е еден од најпопуларните пејачи на светот

Супермен

20/08/2019

09:47

3.119

Големина на фонт

а а а

Ед Ширан денес е еден од најпопуларните пејачи на светот, а со својата последна турнеја тој го срушил и светскиот рекорд.

Но, пред само десет години, работите изгледале потполно поинаку. Тоа го открил еден примерок на изложбата “Ed Sheeran Made In Suffolk”, преполна со предметите на Ширан од детството, но и од тинејџерските години. 

Најмногу предмети на изложбата донирал неговиот татко Џон, кој низ годините внимателно ги собирал ситниците од животот на Ед. Една од нив било и свидетелството од Академијата за модерна музика во Гилфорд кое укажува на тоа дека оценките на Ширан, најблаго речено, не биле толку важни.


На свидетелството се гледа дека Ед на сите шест предмети имал – “чиста” единица. Станува збор за предмети како пишување на песни, професионално музицирање, развивање на стил и припрема за музичката индустрија. Неговата просечна оценка за таа година била, секако – единица.

Година и пол подоцна, Ширан го издал својот деби албум “Plus” кој стана деветти најпродаван албум на деценијата во Велика Британија и му донесе две “Brit Award” награди за најдобар дебитант и најдобар машки изведувач.

Ед има освоено пет “Brit Award”, четири Греми награди и две МТВ награди, а неговата последна турнеја ја симна групата “U2” од тронот и стана најисплатлива турнеја во музичката историја. И покрај очајните оценки, пејачот до денес има продадено 150 милиони албуми, а богатството му се проценува на 160 милиони фунти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk