Овде има доволно мраз за нивото на морето да се подигне за 7,5 метри: За еден ден се стопија 12,5 милијарди тони!

Точка

20/08/2019

14:59

2.020

Големина на фонт

а а а

На Гренланд за еден ден се стопиле 12,5 милијарди тони мраз и досега никогаш во историјата не е забележано толкаво губење на ледената покривка за така краток период.

Американската вселенска агенција „НАСА“ на Гренланд постави база за својата научна програма OMG (Oceans Melting Greenland). Океанографите таму истражуваат не само колку зголемените температури на воздухот влијаат на топењето на мразот, туку и какво влијание има се потоплиот океан кој го топи мразот од длабочините.

„На Гренланд има доволно мраз за да го подигне нивото на морето за 7,5 метри, што е огромна количина на мраз и тоа би било разорувачки за крајбрежните градови ширум светот. Би требало веќе да се повлекуваме од бреговите кога е јасно дека ќе се соочиме со толку загубени метри во следниот век или два“, изјави научникот Џош Вилис, прв човек на програмата OMG на „НАСА“.

Секако, топењето на мразот на Гренланд влијае на целата планета Земја, затоа што огромните количини на вода го подигаат нивото на морето насекаде, па на удар се бројни држави.

„Сите сме поврзани со истиот океан“, изјави Вилис.

Научниците ги загрижува и силното влијание на се потоплата морска вода на глечерите. На пример, на еден од најголемите глечери Хелхајм, забележале „езеро“, а тоа што е уште позагрижувачко е што глечерот целосно е опкружен со топла вода и 600 метри под површината.

„Многу е ретко било каде на планетата да има 700 метри без варијација на температурата и обично наоѓаме студена вода во горните стотина метри. Но, директно под глечерите станува се потопло“, изјави климатологот Ијан Фенти.

Хелхајм во 2017-та година загуби повеќе од три километри, а минатата година научниците пронајдоа неколку километри долг столб од мраз кој се одвоил од остатокот на глечерот. Топењето на мразот не сопира ниту оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг