Последиците од глобалното затоплување на дело: Пловеа со кајак, па пред нив се сруши глечер!

Точка

20/08/2019

15:58

1.254

Големина на фонт

а а а

Двајца кајакари, Џош Бастир и Ендру Хупер пловеа долж брегот на американската сојузна држава Аљаска, недалеку од глечерот Спенсер каде што лично ги почувстуваа страшните последици од глобалното затоплување.

Авантурата со кајак околу глечерот за малку ќе беше фатална за двајцата кајакари, откако, како што може да се види на видеото, одненадеж парче од масивниот глечер се отцепи и се сруши во водата. Големи парчиња мраз „полетаа“ кон кајакарите, а глечерот исто така предизвика и големи бранови.

„Преживеавме, но беше лудо. Бевме целосно мокри, очигледно бевме премногу блиску. И сопругите ни рекоа да не се приближуваме толку, но и покрај тоа, ова беше најинтересното нешто што сум го направил во животот“, изјави Хупер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг