Лихштајнер пронајде нов клуб, продолжува во Бундеслигата

Дерби

20/08/2019

14:34

1.085

Големина на фонт

а а а

Искусниот швајцарски репрезентативец, Стефан Лихштајнер по заминувањето од Арсенал беше слободен агент и беше во постојана потрага по нов клуб.

Некогашниот фудбалер на Јувентус, кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата каде потпиша договор со Аугсбург.

35 годишниот Лихштајнер кој не се снајде најдобро на „Емирејтс“ каде одигра само 14 натпревари во Премиер лигата, со тимот на Аугсбург потпиша договор со траење од една година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг