Нова глупост на Дембеле: Криел од медицинскиот тим дека е повреден и го исклучил мобилниот телефон…

Дерби

20/08/2019

14:35

1.429

Големина на фонт

а а а

Барселона мака мачи со однесувањето на еден од нивните најскапи фудбалери, Усман Дембеле.

Од каталонскиот клуб вчера потврдија дека на натпреварот против Атлетик Билбао се повредил и Усман Дембеле кој поради истегнување на задната ложа ќе биде надвор од терените околу пет недели.

Сега Валверде е многу тенок на напаѓачките позиции кои ќе мора да ги крпи со некои од младите фудбалери.

Сепак, она што многу повеќе ги разочарало челниците на Барселона, не е повредата на Дембеле туку неговото однесување.

Тој веднаш по натпреварот со Билбао заминал во Сенегал, иако имал договорени медицински прегледи. „Марка“ пренесува дека од медицинскиот тим на клубот му ги закажале прегледите во сабота, за да ја откријат висината на повредата, но тој заминал за Сенегал и го исклучил својот мобилен телефон, па одреден период не бил достапен за луѓето од клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг