Арсенал нема да запре со трошењето: Кроенке ги израдува фановите на клубот

Дерби

20/08/2019

14:35

1.398

Големина на фонт

а а а

Арсенал ќе продолжи да биде активен на трансфер пазарот и покрај тоа што потрошија 130 милиони фунти за носење нови играчи ова лето.

Директорот Џош Кроенке најави дека клубот ќе троши пари и во јануарскиот преоден рок со цел дополнително да го зацврсти тимот за долгорочна основа.

– Не бевме пасивни ова лето, туку бевме доста активни. Истото ќе биде и во јануари. Мора да разгледаме некои работи на краткорочен план, а кога ќе дојде јануари ќе размислуваме и долгорочно, па повторно ќе бидеме доста активни, -истакна Кроенке.

Во летниот преоден рок Арсенал се засили со Николас Пепе, Кјеран Тиерни, Давид Луиз, Дани Себалјос, Габриел Мартинели и Вилијам Салиба, нешто што ретко се случува во тимот од „Емирејтс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг