Земја со најубавата пустина на светот: Запознајте ги опасните дини во караван под Месечината

Точка

20/08/2019

15:42

2.847

Големина на фонт

а а а

Актерот Гриф Рис Џоунс неодамна го посетил Алжир и истакнал дека е воодушевен од убавината на оваа земја.

Константин е град во Алжир кој се разликува од сите останати бидејќи се наоѓа на вулканско земјиште и е опкружен со високи брда. Датира уште од времето на Римјаните и е комбинација од влијанието на францускиот колонијализам и арапската култура. 

Доколку некогаш имате прилика да го посетите Алжир, задолжително посетете ги рушевините на старите римски градови како што се Тимгад, Џемила, Ламбезис, Тидис, Типаса, Черчел и Тебеса, но и Ел Кантара кој го нарекуваат “врата на пустината”. Тука се и оазите Бискра и Ел Кед. На јужниот брег се наоѓа Сахарската пустина со песочните дини.

УНЕСКО на листата на светски наследства сместил дури 7 градови од Алжир: Ал Кала од Бени Хамад, Џемила, М'заб, Тасили н'Ајер, Тимгад, Типаса и Касбах од Алжир.

Најголемата топла пустина на светот – Сахара, се простира преку 10 држави во Северна Африка и претставува феномен од 9.200.000 квадратни километри, што е речиси колку територијата на Кина. Многу делови од Сахара, особено оние кои се простираат преку Либија, Алжир и Египет не се достапни за туристи.

Караваните со камили ги превезуваат туристите преку дините од Мерзуга и Загора и тоа ноќе, кога небото е ведро и полно со ѕвезди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг