Кошаркарскиот дрес на поранешниот претседател продаден за вртоглава сума на пари

Супермен

20/08/2019

15:36

1.180

Големина на фонт

а а а

Кошаркарскиот дрес на поранешниот американски претседател, Барак Обама, продаден е во понеделникот на аукција, за неверојатни 120.000 долари, соопштила куќата која ја организирала продажбата во Тексас.

Купецот на овој исклучително скап дрес сакал да остане анонимен, а според првите информации дел од приходот ќе биде наменет за образовни цели. Организаторите на аукцијата истакнале дека за дресот на Обама имало 27 понуди.

Дресот со број 23, Обама го носел кога имал 18 години во средно училиште на Хаваите, каде што живеел, соопштила аукциската куќа која ја организирала продажбата на дресот.


Обама во 1979-та година играл за кошаркарската екипа Пунахо од Хонолулу, која станала државен првак на Хаваите.

Дресот пред аукцијата бил проценет на околу 100.000 долари. Инаку, поранешниот претседател на САД, Барак Обама, е љубител на кошарка, а често играл и додека бил во Белата куќа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk