„Среќен сум што Санчез си оди, тој е вистинска катастрофа“

Точка

20/08/2019

16:36

2.215

Големина на фонт

а а а

Алексис Санчез се очекува деновиве да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во редовите на милански Интер.

Санчез пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување од Арсенал, меѓутоа Чилеанецот воопшто не си исполни очекувањата. Наводно тој ќе ја продолжи кариерата во Интер каде што деновиве ќе се пресели како позајмен фудбалер.

„Го пречекав со раширени раце во клубот затоа што тој е одличен фудбалер. Но, во Јунајтед тој е вистинска катастрофа. Немам поим што се случува. Можеби постојат двајца. Еден што играше за Барселона и Арсенал и потоа се појави некој друг во Јунајтед. Среќен сум што си оди“, изјави Гери Невил кој проговори и за трансферот на Лукаку исто така во Интер.

„Лукаку не сакаше да биде овде и тоа е тоа. Постојат и уште некои играчи кои што не сакаат да бидат во клубот и Солскјер мора да го реши тоа. Некои да ги продаде сега, а некои идното лето“, изјави Гери Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг