Доналд Трамп по десетти пат стана дедо - Неговиот син Ерик го доби второто дете

Точка

20/08/2019

17:52

1.554

Големина на фонт

а а а

Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп станало побогато за уште еден член.

Актуелниот претседател на САД станал дедо по десетти пат, а тоа го објавил неговиот син Ерик на социјалната мрежа Твитер.

Ерик Трамп и неговата сопруга Лара станале родители на девојчето Каролин Дороти Трамп. Ова им е второ дете, а тие веќе имаат едногодишен син Ерик Лука Трамп.

Синот на американскиот претседател на Твитер ја споеделил радосната вест: „Веќе те сакаме!“.

Доналд Трамп има пет деца со три различни жени. Неговиот најстар син има пет деца додека пак неговата ќерка Иванка има три деца.

Ерик Трамп е трето дете на американскиот претседател. Тој е извршен директор на организацијата Трамп заедно со својот брат.

Лара Трамп е поранешна новинарка и вклучена е во работата за заштита на животните, а заедно со својот сопруг ја управува фондацијата Ерик Трамп, која ги финансира болните деца.

Таа исто така е и висок функционер во кампањата на Трамп за претстојните избори што ќе се одржат во 2020-та година, а често на телевизија ги брани ставовите на својот свекор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг