Робен конечно обелодени што ќе прави во новата сезона и ја опиша акцијата која ја обележа неговата кариера

Дерби

20/08/2019

19:31

1.693

Големина на фонт

а а а

Арјен Робен ова лето ја имаше улогата на слободен агент откако не го продолжи договорот со Баерн Минхен, а иако првично се очекуваше да мине подолго време пред да донесе одлука за следниот чекор во кариерата, прилично изненадувачки пристигна веста со која Холанѓанецот објави крај на кариерата.

Робен имаше неколку тешки повреди во својата кариера, вклучувајќи ја и онаа во послендата сезона во Баерн која го оневозможи достојно да се прости со добри партии на теренот. Арјен одлучи дека е време за крај и покрај тоа што има 35 години, а сега за првпат откри што ќе прави во новата сезона во која нема да има професионални обврски како играч.

– Оваа сезона, јас ќе бидам тренер на тимот на мојот најмал син, – обелодени Робен во интервјуто за германскиот таблоид „Билд“, разговор при кој на шега откри кој ќе биде главниот тренинг план.

– Се разбира дека главниот тренинг план ќе биде следниот: Скратете ја топката од десно и шутнете со левата нога, – низ смеа додал Робен, давајќи најдобра илустрација за акцијата која беше негов трејдмарк во кариерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг