„Скај Италија“ пренесува дека Френк Лампард се откажал од замената за Цезар Аспиликуета на десната бековска позиција, Давиде Запакоста.
Запакоста ќе се пресели во редовите на Рома како позајмен фудбалер, а клубот ќе има право на откуп на неговиот договор.
27 годишниот фудбалер пристигна од Торино во 2017, но не се снајде најдобро на „Стемфорд Бриџ“.
Интересно е тоа што Челси во моментов го има само Цезар Аспиликуета на десната бековска позиција, а во клубот е и младиот Рис Џејмс кој ќе добива поголема минутажа од Френк Лампард.
Сепак, во моментов фудбалерот кој одигра фантастично во дресот на Виган минатата сезона е повреден и ќе биде отсутен одреден период.