Долгоочекуваниот нов филм за Џејмс Бонд ќе се вика „No Time To Die“, објавиле на официјалниот Твитер профил на продукцијата.
Филмот претходно имаше наслов „Shatterhand“, но името го променил за да биде во тек со претходните култни филмови за британскиот шпион. Снимањето на филмот сè уште трае, а ова ќе биде последното појавување на Даниел Крег во улогата на агентот 007, пренесуваат од „Дејли Мејл“.
Во новиот филм спокојниот живот на агентот 007 на Јамајка прекинат е кога неговиот пријател ќе го повика да му помогне во мисијата за спасување на киднапираниот научник.
Режисер на филмот е Кери Фукунаг додека пак сценариото го напишала Фиб Валер Бриџ.
Daniel Craig returns as James Bond, 007 in… NO TIME TO DIE. Out in the UK on 3 April 2020 and 8 April 2020 in the US. #Bond25 #NoTimeToDie pic.twitter.com/qxYEnMhk2s
— James Bond (@007) August 20, 2019
Во текот на снимањето се случиле многубројни незгоди како на пример ситуацијата со Даниел Крег кога во мај месец паднал во текот на снимањето на Јамајка и го скинал лигаментот на зглобот, а поради тоа морал да оди на операција. Актерот по операцијата закрепнувал две недели што дополнително го одложило снимањето на филмот.
Филмот освен на Јамајка се снимал на многубројни локации ширум светот, како што се Норвешка, Италија, Англија, а преместувањето на екипата во Шкотска кажува дека култниот таен агент повторно ќе го посети својот дом од детството кои обожавателите можеа да го видат во „Skyfall“.
Премиерата на филмот за Џејмс Бонд закажана е за 3-ти април следната година во Велиак Британија и на 8-ми април во САД.