Три работи со кои паровите најмногу ги нервираат своите пријатели

Точка

20/08/2019

19:56

2.552

Големина на фонт

а а а

Дали познавате некој заљубен пар во чие друштво се чувствувате непријатно? Можеби вие и вашиот партнер сте токму таков пар?

Проверете со што заљубените парови најмногу ги нервираат своите пријатели и ако се препознаете во тоа, престанете да ги правите овие работи додека сте во друштво, пред да почнат да ве избегнуваат сите поради тоа.


„Лигавење“

Убаво е да имате сладок надимак за личноста која ја сакате и да ѝ се обраќате како да е дете, но тоа сепак оставете го за во спалната, бидејќи на вашите пријатели не им е слатко ниту пријатно кога еден на друг си „гугате“ во нивно друштво.

„Ние“

Повеќето парови тоа несвесно го прават, особено кога живеат заедно. Тогаш како да го исфрлаат зборот „јас“ од речникот и сè што прават станува „ние“. Во ред е да кажете „ние“ ако нешто навистина сте направиле заедно, но не и кога изнесувате некое мислење. Вашите пријатели со текот на времето може да почне да ги нервира тоа и токму поради тоа може да почнат да ве избегнуваат.


Претерано покажување нежности

Кога сте заљубени, тешко е да ги контролирате чувствата, но обидете се да ги намалите страстите додека сте во друштво. Ако претерано се мазите и бакнувате пред другите луѓе, ним ќе им биде непријатно, поради што во иднина може да почнат да ве избегнуваат



Спонзорирани линкови

Маркетинг