Енди Керол во 2011-та година се пресели од Њукасл во Ливерпул за тогаш рекордни 35 милиони фунти.
Керол пристигна на „Енфилд“ заедно со Луис Суарез, но за разлика од Уругваецот, Керол воопшто не ги оправда очекувањата.
„Не кријам, иако не се гордеам со тоа. Кога потпишував за Ливерпул, на „Гугл“ барав да видам кои фудбалери играат за клубот. Додека бев во хеликоптерот размислував: Добро, ги знам Џерард, Карагер, но кој друг? Не гледав многу фудбал во тоа време, па не знаев“, изјави Керол и додаде:
„Во Њукасл бев како дома, но не гледавме многу фудбал. Тренерот тогаш ми рече на „Гугл“ да побарам и да се информирам. Тоа и го направив, но не од непочитување“, изјави Керол.