Се огласи Јовиќ и ги отстрани сите дилеми

Точка

21/08/2019

10:04

1.408

Големина на фонт

а а а

Иако во изминатиов период се шпекулираше дека Лука Јовиќ би можел да биде испратен на позајмица, сепак српскиот напаѓач е уверен дека останува во Реал Мадрид.

Лука Јовиќ ова лето се пресели во Реал Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра, но со оглед на тоа што не му е загарантирано место во стартниот состав на „Кралевите“, се појавија шпекулации дека би можел да биде испратен на позајмица.

„Секогаш ме смеат таквите гласини“, изјави 21-годишниот Лука Јовиќ.

„Медиумите секогаш се занимаваат со такви приказни. Јас сум навикнат на секакви коментари и се помирив со тоа. Зидан верува во мене и тоа не се променило кај него во овој период додека соработуваме. Секој ден учам од него“, изјави Лука Јовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг