Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Макфакс

21/08/2019

10:19

711

Големина на фонт

а а а

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша во нова видео порака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама за огромна кражба.

„Еди Рама е уметник за измама. Сѐ што вети, сѐ што рече е лага со цел да краде. Еди Рама и неговите олигарси не оставија ништо за граѓаните. Тој не му дозволува никому да креира, конкурира или гради“, го обвини Баша актуелниот премиер. 

Како што се наведува, Рама со семејството и пријателите за шест години украл милијарда евра.

Баша му порача на Рама да си замине од власт за да се ослободи Албанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг