Портпаролката на данското кралско семејство изјави дека одлуката на Трамп е изненадувачка

Макфакс

21/08/2019

10:20

844

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на данското кралско семејство рече дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи посетата на Данска е изненадувачка.

Според неа, Трамп добил официјална покана да ја посети Данска на 2 и 3 септември, пренесува АП. 

Трамп ја одложи планираната посета на Данска денес. 

Според „Ројтерс“, Трамп решил да ја одложи посетата откако данската премиерка Мете Фредериксен ја отфрли неговата идеја за купување на Гренланд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг