Ова е најлошиот автомобил кој „Мерцедес“ некогаш го направил

Супермен

21/08/2019

18:50

9.891

Големина на фонт

а а а

Доколку е потребно да се издвои еден најлош автомобил од „Мерцедес“ тогаш тоа би било А Класа.

Компанијата „Мерцедес“ е светски позната по своите луксузни и спортски автомобили, но и по нивната беспрекорна изработка.

Од компаниите за автомобили „Мерцедес“ е една од најдобрите во светот.

Но, изгледа дека претставништвото на компанијата не знаело добро што прави додека ја претставувале првата генерација на А Класата автомобили.

А Класа првпат била претставена во 1997-та година во Женева. Ова бил првиот “внес“ на „Мерцедец“ во компактните автомобили.


Тие автомобили требало да бидат практични како фамилијарен автомобил и малку помали од просечниот најмал автомобил во тоа време.

„Мерцедес“ имале голема надеж за овој автомобил, но работите баш и не оделе толку добро како што било испланирано.

А Класа автомобилите со своето појавување им дале предност на нивната конкуренција.

„Форд“ ги имале моделите Фокус и Фиеста. „Волксваген“ ги имале Голф и Поло, „Шкода“ го имала моделот Фабиа...

Дополнително лошата репутација дошла и кога шведскиот новинар Теникенс Вард го правел традиционалниот Елк Тест.


„Мерцедес“ морале да потрошат дополнителни 300 милиони евра за да го поправи проблемот со додавање електронска стабилност на своите автомобили од А Класа.

А Класа поминала низ редизајн во 2001-та година, но со минимални промени.

Дизајнот на овие автомобили не бил ниту впечатлив ниту пак имал “душа“.

Но, најдоброто дошло во 2013-та година кога од компанијата „Мерцедес“ го претставиле целосно различните автомобили од А Класа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk