Наинголан: Ја напуштив Рома поради еден човек

Точка

23/08/2019

10:04

1.937

Големина на фонт

а а а

Раџа Наинголан и ова лето, исто како и минатото, го промени својот клуб и се врати во редовите на Каљари.

Откако новиот тренер на Интер, Антонио Конте го прогласи за вишок во неговиот тим, Раџа Наинголан се пресели во Каљари каде што во новата сезона ќе настапува како позајмен играч. Тој сега проговори за неговото напуштање на Рома минатото лето.

„Напуштањето на Рома беше болен удар, тоа беше одлука на човек кој што исто така си замина. Одлука која мораше да се направи и поради која после е непотребно да се жали“, изјави Наинголан алудирајќи на поранешниот спортски директор Мончи и додаде:

„На крајот сум среќен поради одлуката која што ја донесов и се надевам дека ќе имам уште причини за задоволство. Имам уште волја“, изјави Наинголан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг