Црна комедија со холивудски лица: Излезе трејлерот за најочекуваната серија за оваа есен

Точка

23/08/2019

15:12

1.718

Големина на фонт

а а а

Познатиот американски режисер, Рајан Марфи, кој се прослави со сериите како „Glee“ и „American Horror Story“, наводно за неверојатни 300 милиони долари преминал од „20th Century Fox“ во „Netflix“, а неговата прва серија ќе биде достапна од 27-ми септември и веќе е најспоменуваниот проект на тој стриминг сервис.

Станува збор за серијата „The Politician“ (Политичар), која го следи Пајтон Хобарт, богат средношколец од Санта Барбара, уште од мал убеден дека ќе стане претседател на САД.

За да го оствари сонот, мора успешно да плива во политичките води во своето училиште, притоа внимавајќи имиџот да му остане беспрекорен. Иако станува збор за црна комедија, оваа серија нуди единствен увид во кариерата на млад политичар.

Главната улога му припаднала на Бен Плат, од филмот „На пат до ѕвезда“ и сериите „Will и Grace”, а во серијата се појавуваат Гвинет Палтроу, Луси Боунтон, Џесика Ланџ и многу други.

Новиот сопруг на Гвинет Палтроу, Бренд Фалчук, е еден од сценаристите на серијата.

Зборувајќи за договорот со Нетфликс, Рајан Марфи, како што пренесува Гламур, пред неколку месеци открил дека вклучува документарни филмови, четири серии и три филмови. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг