Рафаел Леао е едно од засилувањат на Милан кои треба да донесе зголемување на конкуренцијата во нападот, каде барем засега неприкосновен е Криштоф Пјонтек.
Младиот португалски фудбалер кој пристигна од редовите на Лил во интервју за „Скај Спортс“ зборуваше колку го сакал Милан уште од мали нозе и откри кој му е омилен фудбалер.
– Уште од мал играв со Милан на Плејстејшн. Тимот го имаше Кака кој ја освои Златната топка, и токму затоа јас го избирав Милан. Мој идол е Кристијано Роналдо затоа што тој е Португалец и е на ова ниво каде што е сега само поради напорната работа, -истакна Леао.