Легендарниот филм "Showgirls" снимен во 1995-та година прво наишол на остри критики, но по следните години добил култен статус. Актерката која тогаш освојувала со својата убавина и беспрекорна линија во улогата на го-го танчерката Номи Малоун е Елизабет Беркли.
Русокосата убавица сега е окупирана со други животни обврски.
Кариерата и ја обележала секси улогата во контроверзниот филм, за кој Елизабет Беркли добила две Златни малини за најлоша глума и најлоша дебитантка. Таа улога и го обезбедила епитетот на една од најсекапилните жени во светот на филмот.
Често во интервјуата одбивала да зборува за славниот филм.
"Без разлика дали ви е срам од овој филм, но сепак без здив сте ја следеле борбата на Номи, се надевам дека филмот ве тешел или ви го кревал расположението", изјавила Елизабет.
Елизабет Беркли е родена на 28-ми јуни 1972-ра во Фармингтон Хилс. Од најрано детство сакала да танцува, а на пет години родителите ја запишале во танц училиштето "Detroit Dance Company" и и направиле посебна просторија во домот каде ќе може да тренира.
Студирала англиска книжевност, а по дипломирањето почнала да се занимава со моделинг во една од најголемите американски агенции.
Првата улога ја добила во филмот "Fog" од 1987-ма година, а потоа во сериите "Day by Day" и "Saved by the Bell". Потоа се појавила во сериите "Life Goes On" и "Baywatch", рамо до рамо со Памела Андерсон.
По филмот "Showgirls" немала некои забележани улоги. Се појавила во уште неколку проекти, како серијата "CSI: Miami", "Law and Order", и глумела во театри во Лондон и на Бродвеј.