Путин пратил најмоќна порака досега до Америка: Вашите ракетни проби и разместувањето на проектили се закана за Русија! Ќе одговориме до крај

Точка

23/08/2019

20:08

7.690

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на оперативниот состанок со постојаните членови на Советот за безбедност изјавил дека Русија ќе ја осигури својата безбедност по едностраното повлекување на САД од Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел.

"Нашиот развој на најнови системи на оружје кои навистина немаат пандан во светот е предизвикан, и може да се каже, испровоциран од едностраното повлекување на САД од Договорот за ограничување на противракетна одбрана од 2003-та година. Ние бевме едноставно принудени и во обврска, секако, да осигуриме безбедност на нашиот народ и земја. Ние тоа го правиме сега и сигурно ќе правиме и во иднина", рекол рускиот претседател. 

Русија никогаш не сакала да се вовлекува во трка за вооружување, го повторил тој познатиот став.

"Ние, како што знаете, никогаш не сме сакале, не сакаме и нема да се вовлекуваме во скапа, за нашата економија деструктивна трка со вооружување. Ќе ве потсетам дека Русија по прашањето за одбранбените трошоци го зазема прилично скромното, седмо место во светот, по САД, Кина, Саудиска Арабија, Велика Британија, Франција и Јапонија", рекол Путин.

Русија и натаму е отворена за рамноправен и конструктивен дијалог со САД за враќање на довербата и зајакнување на меѓународната безбедност, навел тој. Исто така објаснил дека ова ги покажало вистинските намери на Вашингтон, кој, ослободувајќи се од ограничувањата по повлекувањето од INF, ги одврзал своите раце за распоредување на забранети ракети во различни делови од светот.

Тој додал дека САД зборуваат дека разместувањето на новите ракетни системи може да почне во Азиско-пацифичкиот регион, "но тоа исто така влијае на нашите темелни интереси, бидејќи се наоѓа блиску до руските граници".

Путин соопштил дека Русија и претходно имала информации дека Вашингтон веќе долго време работи на создавање на оружје забрането со Договорот за ракети со среден и краток дострел. Единствена цел на САД била да се повлечат од ИНФ и да ја прикријат работата која го прекршува договорот, додал рускиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг